Повеќе од десетина членови на Здружението на француски бездомници се собраа на протест пред Нотр Дам во Париз, барајќи најсиромашните да не бидат заборавени, откако собраа повеќе од една милијарда евра за обнова на црквата.

Тие носеа постери со натпис “Милијарди за 24 часа”, порака до милијардерот Бернард Арну, кој донираше 200 милиони евра минатата недела.Некои учесници на протестот извикуваа: “Нотр Дам има потреба од покрив, и нам треба покрив”.