Унгарската владеачка десничарска партија Фидес денеска ја напушти Европската народна конзервативна група (ЕПП) во Европскиот парламент, соопшти премиерот Виктор Орбан.

Со ова ве известувам дека европратениците од Фидес поднесуваат оставки од своето членство во групата на ЕПП, наведе Орбан во писмото до лидерот до пратеничката група на ЕПП Манфред Вебер, е објавата на Твитер на еден од унгарските министри.

Одлуката уследи откако денеска ЕПП усвои промена на правилата, што беше најавено како начин за исфрлање на партијата на Орбан од нивните редови.

Орбан уште во понеделникот најави дека неговата партија Фидес ќе ја напушти Европската народна партија во Европскиот парламент, наместо да ја прифати суспензијата на партијата.

Според бриселски „Политико”, Орбан во писмото до претседателот на ЕПП тогаш изјавил дека Фидес ќе ја напушти групата доколку во среда бидат прифатени новите одредби.

Минатата недела, Вебер и другите лидери на партиите во ЕПП се согласија за нови правила за суспензија што ќе им овозможи да казнат цела партија-членка, а не само еден член.

Фидес веќе е суспендирана од членството од март 2019 година, но неговите членови сè уште учествуваат во работата на ЕПП во Европскиот парламент.

Унгарската министерка за семејство и потпретседателка на Фидес, Каталин Новак обвини некои членови на ЕПП за вклучување во „неприфатливи” борби во време кога „Европа се бори да спаси животи” и ги обвини лидерите на ЕПП за промена на правилата со цел „протерување” на членовите на Фидес.

Потпретседателот на ЕП и член на ЕПП, Отмар Карас од Австрија изјави дека групата нема да се потчини на притисокот на Орбан и нема да му дозволи да ги „уценува“.

ЕПП ќе продолжи со планираните измени на правилата, рече тој.

И по повлекувањето на 12 пратеници на Фидес од ЕПП, пратеничката група ќе остане најголемата фракција во Европскиот парламент, со 175 члена од 705 европратеници.