Унгарскиот премиер Виктор Орбан од парламентот побара да ги продолжи специјалните овластувања на владата за продолжување на борбата против ковид-19, велејќи дека само вакцинациите ќе ѝ овозможат на владата да започне со олеснување на епидемиолошките мерки воведени минатата есен.
Минатата недела Унгарија стана и првата членка на ЕУ што започна да ја користи руската вакцина Спутник V, откако унгарското регулаторно тело го одобри лекот под итна постапка, без да чека зелено светло од Европската агенција за лекови (ЕМА).
Унгарската агенција ја одобри и вакцината од кинескиот производител Синофарм, исто така прва во ЕУ.
Ние не сакаме само да го свртиме известувањето на вратата ‘Затворено’. Сакаме повеќе од тоа, сакаме повторно да ја отвориме економијата и целиот живот на граѓаните – рече Орбан во обраќањето пред парламентот.
Орбан побара продолжување на специјалните овластувања за 90 дена.
Според вонредните правила, на владата може да ѝ се даде моќ да управува со декрет, но парламентот продолжува да работи и може да ги поништи тие овластувања.
Орбан посочува дека вакцината од ЕУ не пристигнува доволно брзо во Унгарија. Поради што смета тој е потребно да се увезе вакцина од Кина и Русија, како и од Запад.
Наскоро се планира да се вакцинираат околу 250.000 Унгарци со кинеската вакцина.
Секоја вакцина која е безбедна и со која веќе се вакцинирани милиони луѓе е доволно добра за нас. Ако бидеме внимателни, ќе можеме да започнеме со олеснување на рестриктивните мерки – рече Орбан.
Comments are closed for this post.