Болеста што ги уништува бананите дојде и во Латинска Америка, земја која е најголем извозник на банани, па затоа се зголемува загриженоста, како тоа ќе влијае на глобалниот пазар. Станува збор на бананите од сортата Каведиш- познати по својата издржливост за време на извозот.
Научниците со години предупредуваат дека големите компании за извоз на банани ќе мора да најдат нова сорта со тек на време, бидејќи болеста се шири во Азија и пошироко. Во текот на овој месец, габи беа пронајдени на земјоделските култури во Колумбија. Со тоа деновите на оваа сорта банана се одбројани, но според научниците има доволно време да се најдат алтернативи.
„Мислам дека ова нема да влијае на снабдувањето со кавендиш – бананите во супермаркетите во скоро време“, изјави Ренди Плоч, пензиониран научник на Универзитетот во Флорида, кој студирал тропски растителни заболувања.
Додека многу видови на банани се одгледуваат ширум светот за домашна употреба, оние кои најчесто се увезуваат во САД и во ЕУ се претежно Кевендиш.
Бананите се одгледуваат многу напорно, а наоѓањето сорти што се погодни за трговија не е лесна работа, пишува АП.
Покрај тоа што се многу плодни, Кавендиш се банани што можат да го преживеат патувањето од топли клими до далечни супермаркети без да зреат премногу брзо. Сепак, историјата покажа и ризици од потпирање на единствена сорта на банана. Не толку одамна, светскиот пазар го водеше друга банана, Грос Мајкл.
Разликата е во тоа што денес не постои план Б, односно не е пронајдена разновидност што би можела да го замени
Comments are closed for this post.