Научниците од Универзитетот во Оксфорд се подготвуваат што поскоро да произведат нови верзии на вакцината, кои ќе можат да се изборат со уште позаразните мутации на коронавирусот.

Според британски Телграф, тимот што стои зад вакцината на Оксфорд и АстраЗенека спроведува физибилити студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината.

Портпаролот на универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на мутациите на коронавирусот откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптирање на вакцините што е можно побрзо за борба против мутациите на Ковид-19. Тие во моментов ја проценуваат ефикасноста на нивната вакцина врз новите варијатни на коронавирусот, а резултатите треба да биде познати во првата половина од следниот месец.

Сепак, тимот од Оксфорд прифаќа пристап „на ризик“ и има намера да започне со синтетизирање на нови верзии на вакцината без да чека да открие дали ќе бидат потребни, а професорката Сара Гилберт – една од водечките научници – „активно работи на тоа“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека националното регулаторно тело за лекови ќе биде подготвено да одобри нови верзии на вакцината против Ковид-19 за да се спротивстави на новите варијанти на коронавирусот што може да се појават во иднина.