Оклопни возила произведени од страна на турската одбранбена индустрија, предвидени за користење во воени зони, наскоро ќе се приклучат на армијата на Унгарија.
По завршување на процесот на набавка, Унгарија ќе стане првата членка на ЕУ, чија армија ќе биде опремена со воена техника произведена во Турција.
Земјата ќе биде шеста во светот чии Вооружени сили ќе ги користат турските оклопни возила „Ејдер Јалчин 4х4″ и втора опремена со „Јорук 4х4″. Двата типа оклопни возила се произведуваат во турската компанија „Нурол Макина Санаји”.
Во текот на одбележување на “Денот на националната одбрана”, на аеродромот Бударош беа прикажани возилата со симболи на унгарските одбранбени сили и унгарското знаме.
Comments are closed for this post.