Планот на британскиот премиер Борис Џонсон за предвремени избори е ставен на чекање – барем засега. Британскиот премиер претрпе трет голему удар за помалку од 24 часа, откако 56 пратеници гласаа против предлогот, но со само 298 гласови „за“, не успеа да го достигне потребното мнозинство од две третини за предвремени избори на 15 октомври.
Откако стапи на функцијата премиер, Џонсон во повеќе наврати рече дека не сака предвреми избори.
Својата реторика тој ја промени откако во вторникот изгуби клучна битка, кога парламентот гласаше да го искористи своето парламентарно право, со цел да спроведе нацрт-закон со кој се забранува „Брегзит“ без договор.
Законот за блокада на така наречениот „тврд брегзит“ помина денеска со 327 гласови наспроти 299. Сега тој предлог закон оди во Домот на лордовите, каде тој не може да се забрани, но може да се одолговлекува, што, како што јавуваат британските медиуми, е веројатното сценарио.
Благодарение на прифаќањето на тој предлог, противниците на британскиот премиер денес претставија нацрт закон со кој се обврзува Џонсон да побара од ЕУ ново одложување на брегзитот до 31 јануари 2020, во случај да не биде постигнат никаков договор за излегувањето во следните денови.
Comments are closed for this post.