Пилот што бил на обука е уапсен и осомничен за обид за кражба на патнички авион од централниот аеродром во Флорида, соопштија официјални лица од оваа американска сојузна држава.
Инцидентот се случил изутрина по локално време, кога 22-годишното момче со својот автомобил дошло до оградата на аеродромт, ја прескокнало и влегло во авион од типот Ербас 321, што се наоѓал во хангарот.
Еден авиоелектричар, што во тој момент се наоѓал во авионот, го забележал и му побарал идентифакациона картичка, по што, со помош на друг колега успеал да го фати, при што повикале полиција. Момчето, сепак, успеало да им избега, по што почнало да бега преку пистата каде што припадниците на полицијата го стигнале и уапсиле.
По овој инцидент, официјални лица извршиле целосен преглед на пистата пред повторно да го отворат аеродормот. Сите вработени на аеродромот, заедно со патниците биле отстранети од тој терминал за време на инцидентот, што предизвикал застој во авиосообраќајот од пет часа.
Според информации од портпаролката на аеродоромот, Момчето што е осомничено за обид за кражба на авионот е со потекло од Тринидат, а во САД влегол од Канада. Поседувал канадска возачка дозвола, но не е утврдено дали посетувал локално училиште за пилоти.
Comments are closed for this post.