Денеска Обединетото Кралство го престави ревидираното упаство за своите граѓани за патување во странство и официјален Лондон им порачува на своите граѓани освен во случај на нужда да не патуваат во Северна Македонија поради состојбата со Корона вирусот во земјава.

Во упаството пишува дека британските граѓани можат да влезат во Македонија без ПЦР тест, но сепак патувањето не се препорачува.