Рускиот претседател Владимир Путин одби лично да се сретне со новите  амбасадори на САД и на Европската унија и на уште десетина земји меѓу кои и амбасадорот на Македонија Ненад Колев. При назначувањето на новите дипломати доживеаја неочекуван третман.

На социјалните мрежи кружи видео од рускиот претседател како им држи говор на амбасадорите на оддалеченост од околу 20 метри, а по говорот неговите зборови не беа дочекани со аплауз.