Израелската армија (ИДФ) на својот профил на „Твитер“ објави дека открила еден од најголемите подземни тунели што ги користи Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“. Тунелот се наоѓа во близина на граничниот премин Ерез.

Тунелот е долг околу четири километри, максималната длабочина е околу 50 метри и е доволно простран за да минуваат возила. Тунелот не навлегува на израелска територија.

Еден од влезните окна што беше откриен се наоѓа на само околу 400 метри од граничниот премин Ерез, кој до почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.