Новиот вид на коронавирусот се појави и во Германија. Како што е познато, оваа варијанта на ковид 19 брзи се шири низ Велика Британија, но сега за првпат е регистриран и во Германија.

За ова вчера вечерта извести германската држава Баден-Виртемберг.

Инаку, мажот кој бил заразен со овој нов вид на коронавирус, пристигнал во Франкфурт со авион од лондонскиот аеродром Хитроу, на 20 декември, со цел да посети роднини.

Тестот кој го направил по пристигнувањето покажал дека е позитивен на корона.

Понатамошната анализа на примерокот во лабораторија во Берлин покажала дека станува збор за Б. 1.1.7, како што е познат новиот вид. Ова се наведува во соопштение на здравствениот оддел на државата Баден-Виртемберг.

Три лица кои биле во близок контакт со заразениот се во карантин.