Според германските медиуми, на клиниката во Гармиш-Партенкирхен е пронајден нов, досега непознат вид на коронавирус. Засега во клиниката има 52 заболени пациенти и 21 член на болничкиот персонал, што е за 18 повеќе отколку статистиката во петокот, пренесува минхенскиот весник, „Меркур“.

Примероците од пациентите веднаш биле испратени во Берлин, каде деталната анализа ги потврдила  сомнежите дека станува збор за нова варијанта на короната. Засега е нејасно каква карактеристика има мутираниот сој.