Кит од видот Белуга пронајден е покрај норвешката крајбрежје со посебен руски ремен веројтно дресиран од руската морнрица, тврди норвешки експерт.

Морскиот биолог професор Аудун Рикардсен изјавил дека ременоот имал држач за ГоПро камера и етикета според која е произведен во Санкт Петербург. Норвешки рибар успеал да го откине ременот од китот, јавува БиБиСи.

Рикардсен додал дека негов руски колега научник му рекол дека руски научници не користат таква опрема.

Русија има поморска база во тој регин, што исто така упатува на тоа дека китот можеби е дресиран за воени цели.

Овој питом белуга кит се приближил до норвешките бродови покрај градчето Ингоја, на арктичкиот остров кој е одалечен 415 километри од Мурмнаск, каде е стационирана руската Северна флота. На белугите природно живеалиште им се артичките води.

Руските поморски сили го негираат ваквото набедување, но не ја исклучуваат можноста дека можби китот избегал од руската морнарица, имајќи предвид дека во Севастопол (на  Крим) постои центар за тренинг на воени делфини, обучени да решаваат различни задачи.

„Да го користевме ова живтно за шпионирање, зарем навстина мислите дека би му прицврстиле број на мобилен со порака „ве молиме, јавете се на овој број“? Ние имаме воени делфини за борбени задачи, не го криеме тоа“, изјавил руски резервен полквник.

Американската морнарица исто така има воспоставено програма за дресирање на делфини и морски лавови за време на Студената војна, сместен во Калифорнија. Според извештаите на амрериканската морнарица, овие животни се користат за детектирање на неовластени лица под вода кои би можелe да наштетат на американските бродови.

Делфини и морски лавови на Американската морнарица за време на инвазијата на Ирак 2003, помагале во чистење на подводни мини