Француската влада не успеа да постигне договор со движењето „Жолти елеци“ во очи на новиот протест во Париз.

Состанокот на делегацијата на движењето со премиерот Едуард Филипе не беше успешен зошто од тројцата членови на преговарачкиот тим едниот веднаш го напуштил состанокот.

Членот на делегацијата „Жолти елеци“ изјавил дека заминал бидејќи состанокот не бил сниман како што тој побарал пред да пристигне.

Сакав и побарав во неколку наврати разговорот да биде снимен или пренесен во живо на телевизија. Тие тоа го одбија, изјавил Џејсом Ербер, еден од членовите на делегацијата „Жолти елеци“

Заради најавениот протест денеска во Париз, францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјави дека прочуената париска авенија „Елисејски полиња“ ќе биде затворена за сообраќај и претворена во пешачка зона, но со системска контрола на идентитетот на граѓаните.

Кастанер таквата одлука ја донел бидејќи на таа авенија пред една седмица избија нереди.

Движењето „Жолти елеци“ протестира во Франција од 17 ноември

Движењето „Жолти елеци“ организира протести ширум Франција од 17 ноември заради најавеното зголемување на давачките за гориво во склоп на еколошки мерки. Подоцна протестот се претвори во незадоволство на граѓание поради општата политика на власта.

Протестот вчера се прошири и во Белгија, каде во Брисел се одржа првиот собир на белгиските „Жолти елеци“. На протестот беа предизвикани нереди, а полицијат приведе 60 лица.