Последниот лидер на СССР Михаил Горбаќов изрази сочувтво до семејството на поранешниот претседател на САД Џорџ Буш кој почина во 95 година од животот и до сите Американци.

За агенцијата Интерфакс Горбачов изјави дека тој и неговата сопруга Раиса многу го ценеле вниманието , љубезноста и едноставноста на Џорџ и Барбара Буш , како и другите членови на нивното големо , пријателско семејство.

Тоа беше време на големи промени , кои бараа висок степен на одговорност од сите. Резултатот беше ставање крај на Студената војна и трката во вооружување, изјави Горбачов.