Законодавниот дом на САД е затворен откако поддржувачи на Трамп денеска упаднаа во зградата и ја опкружиле сенатската сала за заседанија на Конгресот. Ова денеска на Твитер го објави сенаторот Џејмс Ленкфорд.
Поради ова, постапката за сертификација на изборите е прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата.
Ова денеска се случи веднаш по говорот на претседателот Доналд Трамп.
Трамп испрати неколку Твитер пораки во меѓуврeме, но не кажа ништо во врска со продорот на демонстранти во Конгрeсот.
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, е евакуиран од Конгресот на САД денеска откако поддржувачи на Трамп навлегоа во зградата и ја опкружија сенатската сала за заседанија, додека траеше постапката за сертификација на изборите.
Пенс претседаваше со постапката за сертификација на резултатите од изборите, која беше прекината, а од безбедносни причини на сенаторите им биле укажано да останат во салата.
Ова денеска се случи веднаш по говорот на претседателот Доналд Трамп
Comments are closed for this post.