Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко денеска оцени дека политиката на заплашување која НАТО ја води против Русија, и штети на нормалната соработка меѓу двете страни.
Проблемот во нашите односи со НАТО е што НАТО оди кон своите позиции од 1949, кон политика на заплашување во односите со нашата земја. Значи, не може да има нормална соработка во такви услови, затоа што соработката е можна ако страните не се гледаат една друга како непријатели, туку претпоставуваат дека постојат објективни сфери на заеднички интереси, рече Грушко на маргините на Минхенската безбедносна конференција во Минск.
Тој укажа дека соработката меѓу Советот на НАТО и Русија била корисна во борбата против тероризмот, шверцот со дрога, трговијата со луѓе, но оти таа соработка е речиси замрзната по иницијатива на НАТО.
Comments are closed for this post.