Населенито на Земјата достигна 8 милијарди луѓе, соопшти портлот Countrymeters. Денес на планетата има 8 009 034 011 луѓе, од кои 4.040.999.694 или 50,5% се мажи, а жени се 3.968.034.317, или 49,5%.

Најнаселена држава и натаму е Кина со 1.456.049.2558 жители пред Индија со 1.418.972.027, што значи дека 36 отсто од населението на Земјата живее во овие две држави.

Според бројот на население, следуваат САД, Индонезија, Пакистан, Нигерија, Бразил, Бангладеш, Русија и Мексико.

Во Азија живеат 60 отсто од луѓето, а во Европа под 10%.