Во напад на еден ноќен клуб во мексиканскиот град Коацакоалкос (Вера Круз) а потоа од предизвикан пожар загинаа најмалку 23 лица, а со сериозни повреди се здобиле уште 13.
Нападот се случил околу 22 часот по локално време кога една група влегла во клубот Бел коњ и во моменти додека таму имало една танчарска група и други гости напаѓачите отвориле оган од автоматско оружје. Потоа фрлиле молотови коктели предизвикувајќи пожар и побегнале.
Властите објавија дека ќе сторат се за да ги фатат сторителите на „злосторничкиот акт“. Гувернерот на Вера Круз изјави дека најверојатно нападот е предизвикан заради конфликт меѓу ривалски банди.
Не се наведува име на ниту една банда, но медиумите истакнуваат дека во последните десет години ова е трет сличен напад на ноќен клуб, во кој вкупно се убиени над 100 лица.
Comments are closed for this post.