Носачот на авиони „Џералд Р. Форд“ требаше да биде испорачан со напредни лифтови за превезување на оружје кои се придвиѓуваат со помош на магнети, а не кабли, уште во мај 2017 година. А, како што наведува демократската претставничка на Вирџинија, крајот се уште не му се гледа.

Ова е уште еден неуспех за изведувачот на работите „Хунтингтон Ингалс Индустри“, но и на американската морнарица, која уте во декември минатата година соопшти дека сите 11 лифтови ќе бидат инсталирани и тестирани пред носачот на авиони да биде испорачан на крајот од јули.

Американскиот секретар за морнарица, Ричард Спенсер, уште во јануари го повика претседателот Трамп да го отпушти ако лифтовите не бидат во функција до јули. Наместо тоа, Трамп на 22 јули го пофали носачот на авиони како „феноменален“.

Меѓутоа, лифтовите не се единствениот проблем за најскапиот воен брод во историјата. Нешто не е во ред и со електромагнетниот систем за лансирање авиони, како и со пистата за запирање која треба да ги задржи при слетување.

„Морнарицата презема некомплетиран брод, со чија изградба се доцнеше две години, трошоците го надминаа буџетот за повеќе од две милијарди долари, девет од 11-те лифтови се уште не работат, а трошоците и понатаму растат, истакна претседателот на комитетот на Сенатот, Џејмис Инхоф.