Најмалку четри лица загинале при напад со автомобил-бомба врз полициска станица во градот Џабахар, југоисточен Иран.
Иранската државна телевизија јави дека се слушнала експплозија и истрели во градот, но не наведе детали.
Телевизијата инцидентот го окарактеризира како терористички напад.
Досега ниту една екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.
Џабахар е пристаништен град на Индиски Океан, на стотина километри од границата со Пакистан, во провинцијата Систан и Белуџистан. Градот често е мета на напади од страна на терористички или сепаратистички групи.
? فيلمي از لحظات پس از انفجار خودرو بمب گذاری شده در #چابهار pic.twitter.com/DPopAQ5upN
— پايگاه خبری انتخاب (@Entekhab_News) December 6, 2018
Comments are closed for this post.