Епархијата на Њујорк соопшти дека 120 свештеници обвинети за сексуални блудничења врз деца или за детска порнографија, работеле во неа во изминатите години.

Втората најголема епархија во државата објави список со имиња на тие свештеници. Меѓу нив има епископи и познат кардинал.

Тоа е нов список со свештеници обвинети за сексуално злоставување деца откако Католичката црква зема предвид барања за транспарентност за злоупотреби од свештеници. Кардиналот Томоти Долан изјави дека тоа е „срам, фрлен врз црквата заради сексуалните злоставувања на деца”.