Богатството на милијардерите во светот минатата година се зголемувало за 12 отсто секој ден додека “богатството” на најсиромашните секојдневноо било во пад за 11 проценти, покажува извештајот на хуманитарната организација Оксфам објавен денеска на почетокот на Светскиот економски форум во Давос.

Овој извештај на Оксфам  покажува дека во 2018, 26 најбогати поседувале колку и 3,8 милијарди најсиромашни.

Во 2017 истото богатство го поседувале 43 милијардери. Во извештајот се наведува дека ова богатство е резултат на незапаметено ниво на затајување данок. Ви државикако Бразил и Велика Британија  десет отсто од најсиромашните за даноци издвојуваат повеќе од десет отсто од најбогатите.

На прашање на бриселскиот портал Еуроактив да ги прокоментирановите податоци за нееднаквоста во светот, портпаролот на Оксфам истакна дека иако податоците се менуваат долгорочниот тренд укажува на зголемување на нееднаквоста во последните десет години.

Вредноста на богатството на милијардерите се менува од недела во недела од месец во месец, но нивното богатство во последните години растеше во просек за 11 проценти годишно, а бројот  на  милијардери е двојно зголемен од финансиската криза пред десет години, вели портпаролот на Оксфам.