Полицијата на Малта денеска го уапси најпознатиот бизнисмен во земјата, Јорген Фенеч во рамките на истрагата за убиството на новинарката Дафне Карун-Галиција.

Фенеч е уапсен на неговата јахта, осум километри северно од Валета. Полициската акција уследи откако властите на Малта соопштија дека ќе го помилуваат човекот кој е осомничен дека посредувал во убиството за Карун-Галиција доколку признае кој е нарачател на убиството.

Карун-Галиција која пишуваше блог за корупцијата, убиена е во Валета 2017 година откако под нејзиниот автомобил беше поставен експлозив. За нејзиното убиство досега се осомничени три лица