Националното конститутивно собрание на Венецуела денес го подрржа барањето на Врховниот суд за да му се одзеде имунитетот на Хуан Гвадидо, со што е отворен патот за легална процедура против опозицискиот лидер поддржан од Америка.
Одлуката да му се одземе имунитетот на Гвадидо, кој е на чело на опозицијата која го контролира Националното собрание, дојде еден ден откако Врховниот суд на правдата побара парламентарците да преземат акција против самопрогласениот привремен претседател, кој е обвинет за поттикнување насилство и наводно е вмешан во незаконски финансиски активности.
„Правдата е неопходна за да се гарантира мирот“, изјави претседателот на собранието, Диосдадо Кабељо и додаде дека националното собрание го поддржа барањето на судот, „што значи има правда во нашата земја“.
Comments are closed for this post.