Повеќе од 10.000 припадници на британската полиција се ставени на готовс доколку почнат безредија во случај на хаотичен Брегзит, односно излегување од ЕУ без договор.

Бидејќи можноста за безредија од ден во ден станува се поголема, претставнициуте на британската полиција објавија дека во првите часови најмалкју 1.ооо истренирани полицајци ќе бидат на улиците, повеќе отколку што беа мобилизирани во безредијата во Лондон во 2011 година.

Со планот се предвидува и мобилизирање на армиски припадници, како и специјлани инструктори со обучени кучиња.

Најмалку 15 полициски станици веќе се под специјална команда, а околу 1.000 полицајци поминуваат низ специјална обука и тие ќе бидат распоредени во Северна Ирска, каде ќе бидат опремени со оклопни возила и водени топови.