Германскиот канцелар Олаф Шолц и делегација на деловни лидери пристигнаа денеска во Пекинг, со што ја започнаа првата посета на лидер на една од Г7 на Кина во изминатите три години.
Шолц и целата делегација беа тестирани за Ковид-19 при слетувањето, а кинескиот медицински персонал во заштитни одела влегол во авионот за да ги изврши тестовите.
Строгата кинеска политика на нулта толеранција за коронавирусот и растечките тензии со Западот им оневозможи на лидерите на големите западни сили да ја посетат Кина, додека кинескиот претседател Кси Џинпинг дури сега ги продолжи патувањата во странство.
Посетата на Шолц најверојатно ќе биде добредојдена развој за кинеското раководство, кое ќе се обиде да ги зајакне односите со надворешниот свет по завршувањето на 20-от партиски конгрес, каде што Си го зацврсти својот статус во владејачката Комунистичка партија.
„На Кина, во сегашното домашно и меѓународно опкружување, и е потребна неговата посета и сето она што двете страни заеднички би го изјавиле во Пекинг, особено недолго по (партискиот) конгрес“, рече Ши Јинхонг, професор по меѓународни односи на Универзитетот Ренмин во Пекинг.
Според аналитичари, во услови на историска инфлација и претстојната рецесија во Германија, Шолц ќе се обиде да ја нагласи потребата од континуирана соработка со Кина,.
Шолц ќе се сретне со Си и со премиерот во заминување Ли Кечијанг и се очекува да ги покрене контроверзните прашања како што се човековите права, Тајван и тешкотиите со кои се соочуваат германските компании при пристапот до кинескиот пазар.
Во пресрет на посетата имаше критики во ЕУ и германската владина коалиција, главно од Зелените и либералите
Comments are closed for this post.