Мнозинството Руси имаат позитивен однос кон советскиот диктатор Јосиф Сталин. Вкупно 51% од анкетираните се изјасниле дека кон Сталин се однесуваат со „почит“, „восхит“ или „симпатии“, покажа истражувањето на независната социолошка агенција „Левада центар“, што било спроведено минатиот месец.

Ваквите позитивни резултати спрема диктаторот се највисоки во последните 20 години.

Само 9% од анкетираните изразиле „непријатност“ или „омраза“ спрема Сталин, а 26 отсто дека тој не им значи ништо.

Сталин беше на чело на Советскиот Сојуз три децении, се до смртта во 1953 година. За време на неговото владеење кон крајот на 1930-тите години беа извршени „големите чистки“  со репресии, интернирања и масовни егзекуции.