Новиот претседател на Бразил, ултрадесничарот Жаир Болсонаро положи заклетва како 38. шеф на државата. На церемонијата најголемо внимание предизвика првата дама Мишел. Таа има 38 години и активно е вклучена во политичкиот живот на Бразил.

Во својот говор во Парламентот тој вети дека ќе се бори против корупцијата и насилните злосторства.

Ги повикувам сите конгресмени да ми помогнат да го спасам Бразил од корупција, криминал и идеолошко потчинување.

Шеесет и три годишниот поранешен армиски капетан повика за таа цел да биде склучен „вистински пакт меѓу општеството, извршната, законодавната и судската власт“.

Тој ја повтори својата намера да го либерализира носењето на оружје, додавајќи дека неговата политика „ќе ги подготви децата за пазарот на труд, а не за политички активизам“.

Церемонијата во Парламентот беше бојкотирана од левицата.

Болсонаро дојде на власт по огромното незадоволство на народот поради политичката корупција, огромната стапка на криминал и намалената економска моќ на земјата.