Повеќе од пет милиони жени во Индија формираа „човечки синџир“ долг 620 километри.
Овој протест на жените од Индија се случил во државата Керала во знак на поддршка за рамноправност на половите, но и како одговор на конзервативците и свештениците кои не им дозволуваат на жените кои имаат од 10 до 50 години да влезат во еден од најголемите хиндуистички храмови, Сабаримал.
На протестот во Керала се собрале дури пет и пол милиони жени, јавуваат индиските медиуми.
Забраната за влез на жените во тој храм трае веќе со години. Судот на Керала ја подржа забраната, а Врховниот суд на Индија ја укина во 2018 година.
Comments are closed for this post.