Канцеларката Ангела Меркел предупреди дека Германија е на работ на губење на контрола над пандемијата на коронавирусот.
Овие зборови Меркел ги изговорила на потесниот состанок со нејзините колеги од Христијанско-демократската унија. Таа изјавила дека ситуацијата е „заканувачка“ и дека „секој ден е важен“.
На состанокот на потесното раководство на партијата, од каде што детали протекоа во медиумите, канцеларката предупредила дека претстојат многу, многу тешки месеци и дека секој ден е важен во борбата со сузбивањето на пандемијата на коронавирусот.
Наводно Меркел изјавила дека „нема добро чувство“ во врска со тоа што ја чека Германија и Европа.
Канцеларката Меркел во петок треба да одржи состанок со челниците на 16-те германски покраини каде се очекува да бидат усвоени нови мерки на нивото на целата држава, порестриктивни од тие што сега се на сила.
Министерот за здравство, Јенс Спан кој е во изолација откако минатата седмица беше позитивен на коронавирусот, апелираше до граѓаните да престанат да им веруваат на оние кои се обидуваат да ја намалат тежината на вирусот, нагласувајќи дека германскиот здравствен систем е во опасност од преоптоварување.
Comments are closed for this post.