Рускиот претседател, Владимир Путин и германската канцеларка, Ангела Меркел разговараа за ситуацијата во Сирија и за инцидентот во теснецот Керч, за време на работниот појадок на маргините од самитот на Г-20 во Буенос Аирес, соопшти германскиот портпарол на Владата, Стефан Зајберт.
Двајцата лидери се договориле да ги продолжат разговорите на таа тема во присуство и на претставници од Украина и Франција, рече портпаролот на Меркел. Русија ги одбива повиците од меѓунаридната заедница да ги ослободи 24 украински морнари и да ги врати воените бродови на Украина , кои ги заплени при влезот во Керчанскиот мореуз.
Меркел му кажала на Путин дека се залага за слободна пловидба по Азовското Море.
„Канцеларката уште еднаш јасно кажа дека е загрижена поради ескалацијата и дека се залага за слобода на пловењето во Азовското море“, изјави портпаролот Штефан Зајберт. Таа на рускиот претседател му понудила дипломатска помош за решавање на најновата криза меѓу Москва и Киев.
Меркел и Путин разговарале и за состојбата во Сирија и се согласиле дека се потребни повеќе напори за примена на договорот постигнат во октомври меѓу Германија , Франција , Русија и Турција во Истанбул .
Comments are closed for this post.