Британските медиуми објавија дека очекуваат премиерката Треза Меј во петок да си поднесе оставка. Според пишувањата тоа би требало да се случи по состанокот со претседателот на одборот на Конзервативната партија, Грахам Бредли. Веста за заминувањето на Меј ја објавија и БиБиСи, Гардијан и Тајмс.

Според пишувањето на Тајмс, Меј веќе во средата вечерта била на раб да си поднесе оставка, но се откажала од притисокот, инсистирајќи дека „одлучно ќе ја доведе до крај кампањата за Европскиот парламент“.

Британската премиерка се најде во тешка ситуација откако во средата оставка си поднесе претседателката на владејачката Конзервативна партија во Долниот дом на британскиот парламент Андреа Лидсом. Таа беше една од поддржувачите на Брегзит, но рече дека повеќе не го поддржува пристапот на владата.

Владата на Меј досега ја напуштија 36 лица.