Британската премиерка, Тереза Меј, ќе побара повеќе време за преговори со ЕУ за „бекстоп“ протоколот во однос на ирската граница.

„Бекстоп“ е своевидна безбедносна мрежа која гарантира дека нема да има „тврда граница“ меѓу двете Ирски, дури и ако Велика Британија излезе од ЕУ без договор.

Разговорите се во круцијална фаза. Сега треба да ги сочуваме нервите за да ги добиеме промените кои ги бара Законодавниот дом и да го спроведеме Брегзит на време. Добивајќи ги промените што ни се потребни за ‘бекстоп’, со заштита и унапредување на правата на работниците и заштита на животната средина и со зајакнување на улогата на парламентот во следната фаза од преговорите, верувам дека можеме да постигнеме договор што овој Дом може да го поддржи – изјави Меј пред обраќањето пред парламентот.