Валид Иса Хмаис во мафијашките кругови е познат како човекот со стотина. Тој се прослави како  главен перач на пари од трговија со кокаин на италијанската нарко мафија „Ндагрета“ .Тој на девети јануари 2019 година во Скопје најнормално се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош К1032388 со украден идентитет на Македонецот од Корча, Вурмо Таќо роден 1965г..
Иса е четврта генерација нарко мафијаш . Кариерерата ја почнал кариерата пред 40 години  и е еден од најдоверливите луѓе на шефот на Ндагрета, Роко Морабито.
Валеед од 2017 година е во бегство  по добивањето на македонскиот пасош преку Аеродром Петровец заминал за Турција а оттаму на Маурициус.
Овој остров во последно време е прибежиште на сите криминалци кои или таму се кријат или таму ги имаат донесено парите.