Турција не може да стане членка на ЕУ, повтори денес Манфред Вебер, кандидат за претседател на Европската комисија од европските народни партии (ЕПП).
Тој во интервју за француски „Ле Монд“, на прашањето која ќе биде една од неговите први одлуки доколку биде избран за шеф на ЕК, рече дека тоа ќе биде прекин на преговорите за членство со Турција.
„Ќе отидам во Анкара и ќе предложам блиска економска соработка, размена на полето на образованието, заедничка битка против тероризмот и друго. Но, таа земја не може да стане членка на Унијата затоа што нема поддршка од европската јавност и затоа што Турција се движи подалеку од европските вредности“, рече Вебер.
Тој се заложи и за контрола на границите при што повикува на солидарност со земјите од Источна Европа за прашањето со миграцијата.
„Врме е да се воспостават два принципа:прво, многу цврста контрола на границите. Го поддржувам премиерот на Бугарија кога тој зборува за подигање ѕид меѓу неговата земја и Турција. Второ, потребен е Маршалов план за Африка“, истакна Вебер, кандидат за нов шеф на ЕК од Германија.
Comments are closed for this post.