Од пред четири години, еднаш годишно, се состануваме да разговараме за најголемите светски теми. Оваа средба е важна, во спротивно секој би тргнал по својот пат. Она што се очекува од нас е да се координираме, рече претседателот на Франција Емануел Макрон во десетминутната порака од Бијаритц во телевизиското обраќање до Французите.
Емануел Макрон во таа прилика ги наведе прашањата на самитот на Г7: „големите конфликти“ (Иран, Сирија, Либија, Украина …), „ситуацијата на светската економија“ (а особено „заживување на растот “),” Борбата против нееднаквостите “(иницијативи за еднаквост меѓу жените и мажите, за дигиталната техологија, итн.).
Претседателот на Франција особено се задржа на климатските промени.
Ние мора да одговориме на повикот на океанот, тука зад мене во Бијариц и шумата што гори денес во Амазон. Амазон е наше добро, сите сме загрижени, Франција уште повеќе: преку Гвајана, француска територија на Јужна Америка, ние сме Амазонци – потенцира Макрон.
Францускиот претседател исто така најави дека поморските транспортери ќе се согласат да ја намалат брзината на нивните бродови на морињата и океаните за зачувување на климата. Тој потсети дека текстилниот сектор презеде чекори за воведување иницијативи за животната средина и одржливиот развој.
Можеби нема да успееме воопшто, призна шефот на државата. – Но Франција мора да направи максимум. Сакам овој Г7 да биде корисен. Мислам дека можеме да имаме суштински состанок. Јас ветувам во ваше име да дадам се од себе за да работиме заедно“ – порача Макрон.
Тој вети дека ќе редовно известува за напредокот и блокирачките точки. Макрон, исто така, увери дека ги слуша и учесниците на анти-самитот, но ги повика да се смират.
Големите предизвици се наши, ние ќе ги решиме со заедничко делување“ – изјави Макон.
Францускиот претседател го заврши своето обраќање со благодарност до градот Бијариц, неговите жители и туристите кои мораа да бидат подложени на ограничувања поврзани со организирање на самитот.
Ние ќе му покажеме на светот колку е убава Франција и колку сме горди – заклучи Макрон.
Comments are closed for this post.