Руското летало „Сојуз“ со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ИСС), пренесоа руските информативни агенции.

Роботот ФЕДОР, во склоп на двонеделна мисија, патуваше кон ИСС за да и даде поддршка на посдата и да ја тестира својата способност. Сепак, спојувањето со станицата, планирано за седум часот и 30 минути, не успеало поради проблеми во системот за автоматско спојување, објави руската новинска агенција Интерфакс.

По тој неуспешен обид, леталото лебди на 96 метри од станицата, а според плановите, нов обид за слетување ќе има во понеделник, информираат од рускиот центар за контрола на летот.

ФЕДОР е голем колку возрасен човек и може да имитира човечки движења.