Францускиот претседател Емануел Макрон во вечерашното телевизиско обраќање на нацијата , зборуваше за вчерашниот катастрофален пожар во катедралата Нотр Дам во Париз.

,Пожарот во Нотр Дам го потсети Париз дека историјата никогаш не запира. На нас е да обезбедиме континуитет на големата француска нација. Тоа е наша одговорност. Ќе ја обновиме катедралата , ќе биде поубава отколку досега. Мoжеме тоа да го направиме.” , рече Макрон.

Тој вети дека катедралата ќе биде обновена во рок од пет години , иако експертите велат дека ќе бидат потребни меѓу 10 и 15 години. Тој им се заблагодари на сите што ги ризикуваа животите за да ја изгаснат црквата , како и на оние кои донираа средства за нејзината обнова.