Дека и политичарите се обични луѓе покажува и снимката на која германската канцеларка и францускиот претседател Макрон по завршувањето на самитот на ЕУ се забележани на пиво во локален паб во Брисел.

Посетителите на пабот раскажуваат дека тие биле сосема опуштени и се поздравувале со сите и дека дружбата траела до доцните часови.