Некогаш Британците зборуваа дека не сакаат да им бидат потчинети на ЕУ, а сега претседателот на Франција, Емануел Макрон на британскиот премиер Борис Џонсон му упати сериозна порака.

На заедничката прес-конференција пред нивните официјални разговори за Брегзитот, Макрон му порача дека „Британија се смета за голема сила, но таа би можела да стане помал спартнер на Америка на Доналд Трамп“.

На прес-конференцијата во Елисејската палата двајцата лидери докажаа дека и ЕУ и Обединетот Крластво одат кон Бреегзит без договор, иако е можно да се најде некаков заедднички јазик на масата за разговори.

Иако Џонсон се надева дека по Брегизтот Велика Британија ќе се најде во подобра позиција и оти во тоа многу ќе им помогне трговскиот договор со САД, Макрон го мисли спротивното. Францускиот претседател, кој се гледа како силен лидер на ЕУ по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, смета дека Британија ќе биде главната жртва на сценариото без договор.

Од друга страна , како клучна спорна точка е таканаречената бек стоп точка, односно границата меѓу Ирска и Северна Ирска догорена со Договорот од Велики Петок. Лидерите во ЕУ сметаат дека Лондон треба да се држи до тој договор, но Борис Џонсон за сега не дава знаци оти е можен компромис по тоа прашање, кое за Брисел „не е само техничко“.

Од друга страна Џонсон денес треба телефонски да разговара со заменикот премиер на Република Ирска со основна порака „да не почнува билатерални преговори со ЕУ по Брегзитот“.