Со трансплантација на матични клетки од коскена срж кај пациент од Велика Британија заразен со ХИВ доведено е до долгорочно повлекување, што значи дека тој би можел да биде втор човек во историјата кој се излечил од оваа инфекција.
Иако пациентот е во ремисија 18 месеци, авторите на британската студија, објавена во вторникот во научното списание „Нејчр“, предупредуваат дека се уште е рано да се каже дека пациентот е сосема излечен.
Скоро три години откако добил матични клети од коскена срж од донор со ретка генетска мутација која е отпорна на инфинкцијата ХИВ, по 18 месеци откако престанал со примање на лекови против отфрлање, тестовите покажуваат дека нема траги од инфекција со вирусот.
„Според нашите мерења, вирусот повеќе не е присутен, навел Равиндра Гупта, професор и ХИВ-биолог, еден од докторите кои го воделе пациентот.
Досега е документиран само еден случај на излекување од ХИВ, вирус кој предизвикува СИДА. Пред 12 години на „берлински пациент“ пресадени му се матични клетки од коскена срж од донор кои има мутација на генот ЦЦР5, а кој е познат како отпорен на ХИВ.
Неговата болест е повлчена во стална ремисија со третман кој е опишан како агресивен и отпорен. Бројни обиди на повторување на процедурите досега не биле успешни, а послдниот случај е означен како „лондонски пациент“.
Гупта го опиша пациентот како „функционално излечен“ и во „реемисија“, но предупреди дека „прерано е да се каже дека е излечен“.
Приближно 37 милиони лица ширум светот во моментов имаат ХИВ, а пандемијата на СИДА од нејзините почетоци во 1980-те усмртила 35 милиони лица.
Comments are closed for this post.