Само брзото размислување на група млади скијачи го спасија 8-годишното дете од сигурна смрт кое висеше од ски лифт на една планина во близна на Ванкувер, Канада.

Момчето во еден момент се лизнало од гондолата и висеше во бездна длабока 8 метри. Додека тие што седат до него успеваат да го задржат со рацете да не падне, долу на теренот група млади скијачи реагираат молскавично и размислуваат многу практично. Од ближната мантинела прават импровизиран пожарникарски тобоган. Ќе испадне дека токму нивната реакција го спасило детето.

Видеото покажува за каква драма станува збор.

Момчето било пренесено во болница без никакви повреди.