Темно црвена зона ќе значи дека во таа зона вирусот циркулира на многу високо ниво“, изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по завршувањето на самитот на ЕУ кој се одржуваше преку видео-конференција.
Лицата кои ќе патуваат од темно црвените региони ќе мораат да се тестираат пред заминување, и да одат во карантин по пристигнувањето на одредена дестинација. Овој систем ќе важи за патување во рамките на ЕУ, додаде Фон дер Лајен.
ЕУ „силно ќе го обесхрабрува“ непотребното патување во рамките на заедницата, но инсистира да се одржат отворени границите за проток на работници и добра.
Лидерите на ЕУ се согласиле за можноста да се воведат заеднички сертификати за вакцинирање, но тие ќе бидат користени за медицински цели.
Би требало да успееме да се договориме околу заедничките елементи во однос на сертификат за медицински цели, изјави претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел. За евентуално воведување на сертификати за патнички цели, или ткн. ковид-пасоши, не бил постигнат консензус, и на таа тема ќе бидат потребни дополнителни разговори.
извор: Дојче веле
Comments are closed for this post.