Леонардо ди Каприо дава 5 милиони долари за борба против пожарите во Амазон. Фондот за животната средина, во кој учествува и вдовицата на Стив Џобс, објави дека средствата се на располагање.

Ди Каприо е силно ангажиран во борбата против климатските промени и во повеќе наврати повикуваше светската елита сериозно да ја сфати ситуацијата во Амазон  и да преземе акција.

Средствата од пет милиони ќе бидат дадени на домородните племиња и пет локални организации за борба против пожарите.

Од основањето на фондацијата, кое го носи името на Леонардо ди Каприо, таа собра околу 100 милиони американски долари за  зачувување на природата.