Леонардо ди Каприо дава 5 милиони долари за борба против пожарите во Амазон. Фондот за животната средина, во кој учествува и вдовицата на Стив Џобс, објави дека средствата се на располагање.
Ди Каприо е силно ангажиран во борбата против климатските промени и во повеќе наврати повикуваше светската елита сериозно да ја сфати ситуацијата во Амазон и да преземе акција.
Средствата од пет милиони ќе бидат дадени на домородните племиња и пет локални организации за борба против пожарите.
Од основањето на фондацијата, кое го носи името на Леонардо ди Каприо, таа собра околу 100 милиони американски долари за зачувување на природата.
Comments are closed for this post.