Британската аукциска куќа „Кристи“ ја продаде познатата маслинесто зелена јакна на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Лондон за 90.000 фунти, пишуваат медиумите во светот.
Додека Украина се бори против многу поголема воена сила и ресурси со кои располага, се одржуваат аукции за собирање помош за Киев, објави британски „Мирор“.
Аукциската куќа „Кристи“ учествува во меѓународна програма чија цел е да се подигне помошта за Украина до еден милион фунти.
Британскиот премиер Борис Џонсон успеа да го поттикне наддавањето на веќе познатата војничка јакна на Зеленски, нарекувајќи ја почетната цена од 50.000 фунти „смешна“.
Тој ги повика учесниците на аукцијата да учествуваат во тоа дека големата античка европска престолнина Киев никогаш повеќе не може да биде загрозена и Украина повторно да биде цела и слободна.
Зеленски, кој ја донираше јакната на аукција во февруари, по почетокот на руската инвазија, се обрати во видео пред почетокот на натпреварот во рамките на хуманитарниот собир „Храбра Украина“ и зборуваше за „храбриот Борис“ кој дошол да го посети во Киев, пренесуваат агенциите.
Comments are closed for this post.