Шефот на мафијашка фамилија Гамбино, Франческо Кали, познат како Френки Бој, убиен е пред неговата куќа во Стејт Ајленд, соопшти полицијата. Во Кали (53) испукани се најмалку шест куршуми, по што напаѓачот со возило го прегазил мафијашот.
NY mob hit: Gambino boss “Franky Boy”Cali was low key and old school, and taken out the old school gangland way-Staten Island hitman pulls up in a car and fires multiple shots. First big Mafia hit in decades. pic.twitter.com/LSbCbpS5Om
— ChuckGoudie (@ChuckGoudieABC7) March 14, 2019
Фамилијата Гамбино е една од петте главни италијанско-американски мафијашки семејства во Њујорк. Мотивот за убиството засега не е познат, нема уапсени, а истрагата е во тек.
Gambino Crime Family Boss “Franky Boy” Cali Brutally Murdered in Staten Island https://t.co/hrKaROFYNH pic.twitter.com/ErdqCBi118
— Tommy Garrett (@LightfootInHwd) March 14, 2019
Франческо „Френки Бој“ Кали се зборува дека го преземал лидерското место во организацијата од Доменико Кефалау во 2015 година. Се верува дека има само едно обвинение против него, за заговор за перење пари во 2008 за што отслужил казна затвор од 16 месеци.
Населбата Тод Хил на њујоршкиот Статен Ајленд е познато по мафијашките семејства и поврзаност со мафијата. Во оваа населба е снимано и легендарното филмско остварување „Кум“, за измислениот криминален бос Дон Корлеоне во 1972 година.
Comments are closed for this post.