Култниот ресторан „Штендиге фартретунг“ (Постојано претставништво), во Берлин, ѝ забрани влез на германската канцеларка Ангела Меркел, но и на министерот за финансии Олаф Шолц и други водечки политичари, поради мерките за привремено затворање на сите ресторани.

Забраните стапија во сила вчера. Сопствениците на ресторанот – Јорн Питер Бринкман и Јан Филип Бубингер го објавија ова во видеопорака на Фејсбук. Тие ги сметаат германските политичари, предводени од Меркел, одговорни за воведувањето „престроги мерки“ за спречување на ширењето на коронавирусот.